„Темјаника“ на „Тиквеш“ доби бронзен медал во Лондон

Bez autora
May 29 2012

Белото вино „темјаника спешл селекшн“ на винарската визба „Тиквеш“ доби медал на годинешниот традиционален натпревар „Декантер“ во Лондон. Виното од бербата од 2011 година е наградено со бронзен медал, со што го повтори минатогодишниот успех на ова вино од бербата од 2010 година. Бронзен медал за „темјаника спешл селекшн“ 2011 е доделен и на меѓународниот вински натпревар ИВЦ во Лондон на кој традиционално секоја година се натпреваруваат над 10 илјади мостри од висококвалитетни сорти и видови вина од целиот свет. Покрај „темјаниката“, медали на ИВЦ 2012 добија и црвеното вино „барово“ од бербата во 2010 година, како и белото вино „р’кацители“ од 2011 година, а пак белото вино „бела вода” од минатогодишната берба го доби високото сребрено одликување, со што уште еднаш се потврди дека тероар вината на „Тиквеш“ произведени од грозје од локалитетите Бела Вода и Барово се исклучително ценети не само од љубителите на квалитетните и уникатни вина, туку и од врвните светски енолози.

„Темјаника“ на „Тиквеш“ доби бронзен медал во ЛондонБелото вино „темјаника спешл селекшн“ на винарската визба „Тиквеш“ доби медал на годинешниот традиционален натпревар „Декантер“ во Лондон.

Виното од бербата од 2011 година е наградено со бронзен медал, со што го повтори минатогодишниот успех на ова вино од бербата од 2010 година. Бронзен медал за „темјаника спешл селекшн“ 2011 е доделен и на меѓународниот вински натпревар ИВЦ во Лондон на кој традиционално секоја година се натпреваруваат над 10 илјади мостри од висококвалитетни сорти и видови вина од целиот свет.

Покрај „темјаниката“, медали на ИВЦ 2012 добија и црвеното вино „барово“ од бербата во 2010 година, како и белото вино „р’кацители“ од 2011 година, а пак белото вино „бела вода” од минатогодишната берба го доби високото сребрено одликување, со што уште еднаш се потврди дека тероар вината на „Тиквеш“ произведени од грозје од локалитетите Бела Вода и Барово се исклучително ценети не само од љубителите на квалитетните и уникатни вина, туку и од врвните светски енолози.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik